Wednesday, December 8, 2021

Во септември се отвора средношколскиот конкурс за мултимедијални продукти „Како градиме заедничка иднина“

Проектот на УСАИД  за меѓуетничка интеграција во образованието и Македонскиот институт за медиуми во септември ќе го распишат конкурсот за мултимедијални продукти на тема „Како градиме заедничка иднина“.

Целта на конкурсот е да се поттикнат учениците и наставниците од средните училишта да продуцираат мултимедијални содржини, со кои ќе ги претстават училишните активности посветени на соработката меѓу различните етнички заедници, како и на негувањето на културните различности.

Право на учество ќе имаат сите средни училишта од Република Македонија, кои ќе може да аплицираат со видео приказни, фото-стории или мултимедијални стории (комбинација од текст, видео, аудио, фотографија)

За трите најдобропласирани училишта се предвидуваат награди. Најдобрите мултимедијални продукти од сите училишта ќе добијат пофалници и ќе учествуваат на мултимедијалната изложба која ќе се организира на крајот од конкурсот.