Saturday, September 25, 2021

Средношколците од „Браќа Миладиновци“ на заеднички час по физика

unnamedПостојат многу начини на кои што може да се гради заедништво помеѓу припадниците на различните заедници во образованието, особено во предметите во кои јазичните специфики не се најважни во материјата што се изучува. Тоа ни го демонстрираа  група ученици од албанската и македонската паралелка од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје, кои на 10 ноември, 2014, одржаа заеднички час по наставниот предмет физика. Часот е дел од  многуте заеднички активности кои ги спроведуваат училиштата со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

„Бевме поделени во групи каде што имаше ученици од двата наставни јазици, за полесно да го совладаме материјалот. Преку соработката дојдовме до согласување на нашите идеи и до одлична комуникација“, “ велат учениците кои присуствуваа на часот, истакнувајќи го нивното задоволство од неговата реализација.

За реализација на оваа интересна идеја, освен учениците, секако најзаслужни се професорите Рајна Каевска и Рамиз Љачи, кои заеднички го водеа часот. Според нив, тој помина во одлична атмосфера и соработка помеѓу учениците .

Учениците увидоа дека сите присутни на часот се исти, без разлика на етничката припадност.  Ова  позитивно искуство побудува интерес за идни заеднички часови и по други предмети ,во кои јазикот не претставува препрека за заедничка работа, и полесно совладување на нови знаења.