Wednesday, December 8, 2021

„Едно сонце сите не грее“

unnamed556На 11 ноември, 2014, ОУ „Дебарца“ од општина Дебрца го прослави својот патронат, кој оваа година беше во знакот на меѓуетничката интеграција и мултикултурното зајакнување на традиционално добрите односи меѓу македонската и албанската заедница во општината и пошироко.

Со гостите од партнерското основно училиште „Нури Мазари“ од с. Корошишта од општина Струга, со кои се најблиски соседи, се подготвија точки за заедничкото прославување на патронатот. Танцот и песните зборуваа повеќе од доволно за традицијата и фолклорот, кои се блиски до двете заедници.

Гостите од Корошишта беа вклучени во ликовен  и литературен конкурс на темата: „Едно сонце сите не грее“, како и во атлетскиот крос, кој училиштето го организира секоја година како дел од празнувањето на патронатот.

unnamedЗаедничките активности не завршуваат тука. Во текот на наредните месеци двете училишта планираат заеднички литературни читања, излети и екскурзии во блиската околина, посети на верски и историски знаменитости,  спортски натпревари, саеми на традиционална храна, во кои ќе бидат вклучени не само учениците и вработените, туку и родителите и жителите на двете места.  Ова се само некои од многуте начини за зајакнување на заедништвото, со што се влијае воспитувањето на децата да биде без предрасуди и нетолеранција, туку со калемење на љубовта и почитта кон сите луѓе, бидејќи, како што порачаа сите заедно – Едно сонце сите не грее.