Wednesday, July 28, 2021

9.10 – Сарај – Заеднички спортски и рекреативни активности за МИО на учениците од…

9.10 – Сарај – Заеднички спортски и рекреативни активности за МИО на учениците од 4 основни повеќејазични училишта

Од 11:00 до 13:30 часот, на теренот на Спортскиот рекреативен центар Сарај во Сарај, ученици од 4 различни основни училишта и општини со настава на повеќе јазици ќе спроведуваат спортски и рекреативни активности и игри со цел да се запознаат меѓу себе, зближат и соработуваат. Учениците се од следните основни училишта: „Дитуриа“ – Сарај, „Лириа“ –Тетово, „Мустафа Кемал Ататаурк“– Гостивар и „26 јули“ – Шуто Оризари.