Friday, August 6, 2021

9.04 –Кавадарци – Заеднички ученички активности во ОУ „Страшо Пинџур“…

9.04 –Кавадарци – Заеднички ученички активности во ОУ „Страшо Пинџур“

Од 10:00 до 14:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира неколку активности во партнерство со училиштата „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар и „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци. Учениците од 1-5 одделение ќе имаат заеднички работилници на тема Велигден. Исто така, на средбата ќе се реализира заеднички час по музичко образование каде учениците од музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“ ќе ги учат останатите ученици како да свират на музички инструменти. Учениците од 6-9 одделение, во мешани тимови, ќе играат кошарка и фудбал.