Saturday, September 25, 2021

8.04 – Зрновци – Заедничкa ученичкa активност помеѓу ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци и…

8.04 – Зрновци – Заедничкa ученичкa активност помеѓу ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци и ОУ „Кирил и Методиј“ од с. Канатларци, Прилеп

Од 11:00 до 15:30, во рамки на програмата за мали грантови, двете училишта ќе реализираат неколку активности со мешани групи ученици кои наставата ја следат на македонски и турски јазик. Средбата ќе вклучува работилница за изработка на велигденски јајца, избор за најдобра литературна творба која е изработена од парови ученици од двете училишта, спортски турнир во фудбал и кошарка и засадување на дрво на пријателството. Родителите ќе учествуваат во активноста во улога на судии на спортскиот турнир и како и преку готвење на традиционални јадења за празникот велигден.