Wednesday, July 28, 2021

4.03 –Скопје– Реализација на заедничка ученичка активност по повод 8ми Март…

4.03 –Скопје– Реализација на заедничка ученичка активност по повод 8ми Март

Од 10:00 до 12:00 часот, во ОУ „Панајот Гиновски“ од Бутел, ќе биде реализирана заедничка ученичка активност поддржана од мал грант на ПМИО, помеѓу училиштето домаќин и ОУ „Гоце Делчев“ од Прилеп. Активноста ќе се реализира со 80 ученици од двете училишта кои ќе бидат поделени во 4 групи и ќе прават изработки за 8ми март, изготвуваат литературни творби, ќе имаат заедничка ОЖВ работилница и заедничко готвење на традиционална храна. По овие активности, учениците ќе имаат посета и истражување на знаменитости во Скопје, по што ќе изработат презентација за добиените сознанија.