Saturday, October 16, 2021

31.05 – ОУ „Екрем Чабеј“ с.Слатино, Теарце – Заедничка ученичка активност…

31.05 – ОУ „Екрем Чабеј“ с.Слатино, Теарце – Заедничка ученичка активност

Заедничка ученичка активност во ОУ„Екрем Чабеј“ од с.Слатино, Теарце од 10:00 до 13:00 часот. Во рамки на програмата за мали грантови, двете партнер училишта, ОУ „Страшо Пинџур“ од Неготино и ОУ „Екрем Чабеј“ од село Слатино, Теарце ќе реализираат заедничка активност. 36 ученици од македонски и албански наставен јазик, од двете училишта ќе учествуваат на работилница во рамки на која ќе креираат блог. Ќе се одберат теми од заеднички интерес на учениците и истите  ќе бидат поврзани со спорт, музика игри, филмови и храна. Средбата ќе заврши со групна прошетка низ село Слатино.