Wednesday, July 28, 2021

31.03 – Вратница – Заеднички ученички активности на ОУ „Симче Настовски “ од Вратница и…

31.03 –Вратница– Заеднички ученички активности на ОУ „Симче Настовски“ од Вратница и „Илинден“ од Крива Паланка

Од 10:30 до 14:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, учениците од различни наставни јазици од двете училишта ќе реализраат средба на која ќе се спроведат неколку активности. Учениците, во мешани групи, ќе изработуваат маски по повод Денот на шегата, ќе подготвуваат двојазична мултимедијална презентација за двете училишта, ќе учат за традиционалната албанска кујна и ќе извршат посета на џамијата во с. Јажинце и излетничкото место Петачко водиче во с. Беловиште.