Sunday, October 17, 2021

30.04 – Зајаз – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Реџо Рушит Зајази“…

30.04 – Зајаз – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Реџо Рушит Зајази“

Во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира спортска активност со своето партнер училиште ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп. Активноста вклучува 40 ученици од двете училишта, кои во етнички мешани тимови ќе се натпреваруваат во мал фудбал, ракомет и кошарка. Посебен фокус ќе биде ставен на соработка и градење на тимски дух во групите. Во улога на судии за време на турнирот ќе бидат родителите.