Wednesday, July 28, 2021

30.04 – Десово – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Пере Тошев“

30.04 – Десово – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Пере Тошев“

Од 9:00 до 13:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активности со своите партнер училишта ОУ “Добре Јовановски “ од Прилеп и ОУ “Климент Охридски “ од Македонски Брод. Под мотото “Спортот промотер на меѓуетничка соработка и толеранција“, мешани групи на ученици од трите училишта ќе се натпреваруваат во одбојка и фудбал. Друга група на ученици ќе одржи литературно читање насловено “Тука сме, заедно сме а можеме и повеќе”. Паралелно со овие настани, во рамки на работилницата “Мешана Азбука”, децата ќе трагаат по исти букви во македонската и албанската азбука. Ученици од 8-9 одделение во мешан етнички состав ќе истражуваат за религиите кои постојат во Р.Македонија, а потоа секој ќе ја опише својата религија преку цртеж на слика која ќе биде поставена во холот на училиштето.