Friday, August 6, 2021

28.05 – Кисела Вода – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”…

28.05 – Кисела Вода – Заедничкa ученичкa активност во ОУ “Кирил Пејчиновиќ”

Од 12:00 до 14:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, основното училиште “Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода ќе реализира активност со своето партнер училиште, ОУ “7 Март” од Чаир. На средбата ќе се доработат и презентираат продуктите од работилницата посветена на традиционалните занаети, одржана на 30 Април, а на која учествуваа ученици од 1-3 одделение двете училишта во мешан состав.