Thursday, August 5, 2021

28.04 –Врапчиште– Заедничкa ученичкa активност во ОУ„Врапчиште”…

28.04 –Врапчиште– Заедничкa ученичкa активност во ОУ„Врапчиште”

Од 10:00 до 16:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активностисо своето партнер училиште ОУ „Кочо Рацин“ од Блатец. Ученици во две групи ќе подготвуваат презентација за родните места а во исто време други две групи наученицизаедно ќе изработуваат 2 книги за родните места кои остануваат за спомен во двете училишта.Спортската активност ќе опфати натпревар во 3 дисциплини:мал фудбал, одбојка и пинг-понг. Мешана група на ученици ќе игра сплет од народни ора од трите националности (македонска, албанска, турска).Средбата се очекува да заврши со заедничка прошетка во село Вруток.