Thursday, January 27, 2022

27.10 – Спортска сала „Јордан Мијалков“, Штип – Завршен настан за спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите…

27.10 – Спортска сала „Јордан Мијалков“, Штип – Завршен настан за спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите

ПМИО организира завршен настан за спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите на 27-ми октомври, 2016 (четврток) од 11:00 до 13:30 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.

На завршниот настан ќе учествуваат околу 150 ученици од 4 повеќејазични основни училишта од различни општини во Р. Македонија. Завршниот настан е со цел  спроведување на спортски и забавни активности преку коишто  се унапредува меѓуетничката интеграција и спортскиот дух кај децата и младите.