Saturday, October 16, 2021

27.04 – Втора Работилница за родителско вклучување во активностите за МИО…

27.04 – Втора Работилница за родителско вклучување во активностите за МИО

Од 10:00 до 14:00 часот, во хотел Континентал – Скопје, група од 40 учесници (30 родители и 10 членови на СИТ-ови) од 10 училишта ќе учествуваат во работилницата на која ќе се обучуваат родителите за начинот на административно и финансиско работење и одговорности  при спроведувањето на активностите за МИО со родителска вклученост во училиштата. Исто така, на родителите ќе им се презентираат начините за известување преку пишување на веб страна како еден од начините за споделување на успешните приказни.  Тимовите на  родителите и СИТ координаторите ќе имаат можност да се информираат во детали за се што ги интересира во врска со реализирањето на МИО активностите со поголема вклученост на родителите.