Tuesday, September 28, 2021

26.03 – Липково – Заеднички ученички активности на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош “од Ранковце и…

26.03 –Липково – Заеднички ученички активности на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош “од Ранковце и „Култура“ од с. Матејче, Липково

Од 10:00 до 13:00, во рамки на програмата за мали грантови, учениците од „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе одат на посета во „Култура“ од Липково, каде ќе реализираат неколку активности. Првата активност ќе биде заедничка изработка на уметнички дела, што е долгорочна активност меѓу овие две училишта. Втората активност ќе биде спортски турнир во фудбал и одбојка. Учениците ќе изработуваат и карта и презентација во Power Point каде ќе ги претстават културните знаменитости во родниот крај. Исто така, стручната служба од двете училишта, заедно со учениците, ќе има едукативна работилница поврзана со семејството, младите и дрогата.