Sunday, October 17, 2021

22-25.08 – Пелистер, Битола – Летен камп…

22-25.08 – Пелистер, Битола – Летен камп

Во периодот од 22-25 август, ќе биде реализиран летен камп. На кампот ќе учествуваат 36 ученици и 8 наставници од вкупно 2 повеќејазични (ОУ „Толи Зордумис”, Куманово и ОУ „Св. Кирил и Методиј”, Пресил) и 4 еднојазични основни училишта (ОУ „Тоде Хаџи Тефов”, Кавадарци, ОУ „Бајрам Шабани”, Кондово, ОУ „Христијан Тодоровски Карпош”, Ранковце и ОУ „Култура”, Матејче). Учениците ќе имаат можност дa соработуваат во различни етнички мешани групи, преку реализацијата на креативни работилници, фотографски работилници, игри за тимска соработка и спортски и забавни активности. Активно учество на кампот ќе имаат и наставниците преку посебни работилници дизајнирани за нив.