Friday, December 3, 2021

21.05 – Велгошти, Охрид – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Живко Чинго“…

21.05 – Велгошти, Охрид – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Живко Чинго“

Од 10:00 до 18:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активности со своето партнер училиште ОУ “Фаик Коница“ од Доброште. Ученици од 4-8 одделение од двете училишта, во мешан етнички состав, ќе земат учество во седумте работилници кои се планирани да се реализираат. Во продолжение на активностите ќе се одржи напревар во мал фудбал со ученици од 4-6 одделение. Во музичката точка “Свадба “ ќе учествуваат сите присутни. За крај на активностите се планира прошетка низ Охрид.На настанот се очекува да присуствува Градоначалникот на општина Теарце.