Tuesday, September 28, 2021

20.04 – Скопје – Заедничкa ученичкa активност помеѓу ОУ „Христијан Карпош“ од Младо Нагоричане и ОУ „Панајот Гиновски“ од Бутел…

20.04 – Скопје– Заедничкa ученичкa активност помеѓу ОУ „Христијан Карпош“ од Младо Нагоричане и ОУ „Панајот Гиновски“ од Бутел

Од 12:00 часот до 16:00, во рамки на програмата за мали грантови, двете училишта ќе реализираат неколку активности. Во мешани групи учениците ќе ги посетат Јаја Паша џамија, Старата Скопска чаршија и Соборниот Храм, и ќе извршат истражување за посетените објекти. Во друга мешана група, учениците ќе изработат мултикултурна химна за двете училишта, додека трета група ќе има работилница за давање и примање помош.