Friday, July 30, 2021

20.03 –Куманово – Заедничка ученичка активност во ССОУ „Киро Бурназ“ од Куманово…

20.03 –Куманово – Заедничка ученичка активност во ССОУ „Киро Бурназ“ од Куманово

Во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активност „Екологија и хигиена во училиштето“ со 24 ученици од албански и македонски наставен јазик. Учениците најпрво преку Фејсбук комуницираа и се подготвуваа за реализација на активноста. За време на активноста учениците ќе изработуваат пораки на тема екологија, ќе подготвуваат постери со насоки за складирање и рециклирање на отпад и ќе посадуваат украсни растенија.