Saturday, October 16, 2021

17 и 19.11 – Скопје и Крушево – Работни средби за поддршка и обезбедување одржливост на…

17 и 19.11 – Скопје и Крушево – Работни средби за поддршка и обезбедување одржливост на реновираните училишта

Од 11:00 до 14:00 часот, во ОУ „Кузман Шапкарев“ од Скопје и СОУ „Наум Наумоски Борче“ од Крушево ќе се одржат работни средби за поддршка со членовите на тимот за училишна интеграција од училиштата кои беа вклучени во трета фаза на реновирање. Целта на работните средби е да се направи самопроценка на досегашните реализирани активности за МИО во училиштата и да се одредат приоритети при планирање на идни активности за унапредување на МИО и за одржливост на постигнатите промени.