Thursday, August 5, 2021

16.03 – Могила – Заеднички ученички активности во ОУ „Браќа Миладиновци“ од Могила…

16.03 – Могила – Заеднички ученички активности во ОУ „Браќа Миладиновци“ од Могила

Од 11:00 до 15:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, ОУ „Браќа Миладиновци“ од Могила, во партнерство со ОУ „Кочо Рацин“ ПУ с. Трновци, ОУ „Гоце Делчев“ Битола, ОУ „Мирче Ацев“ с. Лисичани, ќе реализира неколку заеднички активности. Во подрачното училиште во с. Будаково ќе се одвива работилница за изработка на мултиетничка книга и свечена приредба со учество на ученици од сите училишта. Во подрачното училиште во с. Добрушево ќе се одвива спортски натпревар во мал фудбал. Во активностите ќе бидат вклучени родителите, претставниците од Училишниот одбор како и претставници од општината.