Monday, December 6, 2021

14 и 16.10 – Велес и Ресен – Заеднички спортски и рекреативни активности за МИО на учениците…

14 и 16.10 – Велес и Ресен – Заеднички спортски и рекреативни активности за МИО на учениците од 8 основни повеќејазични училишта

На 14.10, во Велес, ученици од 4 различни основни училишта и општини со настава на повеќе јазици ќе спроведуваат спортски и рекреативни активности и игри со цел да се запознаат меѓу себе, зближат и соработуваат. Учениците се од следните основни училишта: „Кирил и Методиј“ – Велес, „Васил Главинов“ – Велес, „Панајот Гиновски“ – Бутел и „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш.

На 16.10, во Ресен, ученици од 4 различни основни училишта и општини со настава на повеќе јазици ќе спроведуваат спортски и рекреативни активности и игри со цел да се запознаат меѓу себе, зближат и соработуваат. Учениците се од следните основни училишта: „Мите Богоевски“ – Ресен, „Димитар Влахов“ – с. Љубојно, „Крсте Петков Мисирков“ – с. Бистрица, Битола и „Браќа Миладиновци“ – Струга.