Wednesday, July 28, 2021

1.04 – Пробиштип – Заеднички ученички активности во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип…

1.04 – Пробиштип – Заеднички ученички активности во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Пробиштип

Од 8:00 до 15:00, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира неколку активности во партнерство со училиштето „Киро Бурназ“ од Куманово. Во активностите ќе учествуваат 40 ученици, од различни наставни јазици, од двете училишта. На средбата ќе се реализира работилница за изработка на плакат-речник со зборови на македонски, албански, германски и англиски јазик. Исто така ќе се реализира спортски турнир во мал фудбал, како и изработка и изложба на ликовни композиции.