Wednesday, December 8, 2021

06.06 – Тетово – Заедничкa ученичкa активност во ОСМУ “Никола Штејн”…

06.06 – Тетово – Заедничкa ученичкa активност во ОСМУ “Никола Штејн”

Од 10:30 до 16:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, ОСМУ „Никола Штејн“ од Тетово ќе реализира активности со своето партнер училиште, СОУ „Ванчо Прке“, од Виница. 20 ученици во мешан состав од двете училишта, поделени во четири групи, ќе изработуваат постер со народни носии типични за тетовскиот и виничкиот крај. Најдобриот избран постер ќе биде изложен во училишниот хол. Паралелно со оваа активност ќе бидат организирани спортски напревари во одбојка на кои ќе учествуваат 40 ученици, исто така во етнички мешан состав. За крај на средбата се планира заедничка посета на културно историските споменици во град Тетово.