Friday, July 30, 2021

06.05 – Кочани – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Раде Кратовче“…

06.05 – Кочани – Заедничкa ученичкa активност во ОУ „Раде Кратовче“

Од 9:30 до 16:00 часот, во рамки на програмата за мали грантови, училиштето ќе реализира активностисо своето партнер училиште ОУ „Емин Дураку“ од Сарај. Трите квиз натпревари ќе бидат одлична можност за меѓусебна дружба, запознавање и комуникација помеѓу децата. Во продолжение на активностите, планирано е да се одржи традиционален крос до Осоговските планини, изведба на традиционални танци со цел запознавање со традицијата и обичаите на другата етничка заедница, како и заедничка подготовка на традиционална (македонска и албанска) храна.