Saturday, October 16, 2021

Цветни насмевки, спортување и заедничко дружење на учениците од Бутел и Прилеп

unnamed Во духот на фер-плејот и креативноста, на 13 ноември, 2014, дваесетина ученици од партнерските училишта ОУ „Панајот Гиновски“ од општина Бутел и ОУ „Гоце Делчев“ од општина Прилеп и се радуваа на заедничката дружба, полна со спорт и многу забава. Овие активности се спроведуваат како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Најпрво, се запознаа девојчињата од двете училишта. Иако на почеток срамежливи, тие набргу се здружија и почнаа со активностите. Се формираа две мешани екипи, од кои првата го доби името „Роза“ а другата „Гладиола“. Девојчињата одиграа два сета одбојка до 25 поени, како вистински професионални одбојкарки. Целата игра се одвиваше во спортски дух, при што девојчињата се бодреа и се помагаа меѓусебно.

10743583_722801077788527_886041921_nПосле двата сета одбојка одиграни во вистинска фер атмосфера, ученичките не застанаа, туку веднаш се фрлија на изработка на букети цвеќиња од шарена хартија. Мотото на денот беше „Заеднички да ги поделиме цветните насмевки, да другаруваме, спортуваме и се натпреваруваме во денешното дружење“. Среќни и радосни по исполнетиот ден со цветни насмевки, учениците од овие две училишта ветуваат дека дружењето ќе продолжи и понатаму, затоа што градината со повеќе видови на цвеќиња е секогаш поубава.