Thursday, August 5, 2021

Форум за меѓуетничка интеграција во образованието на наставничките факултети во Македонија

На 28 јануари 2014, Скопје беше домаќин на форумот за меѓуетничка интеграција во образованието на наставничките факултети во Македонија. На форумот присуствуваа претставници на педагошките факултети „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Државниот Универзитет Тетово, Универзитетот „ Св. Климент Охридски“ Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа, кои ги дадоа нивните забелешки поврзани со меѓуетничка интеграција во образованието. Учесниците на форумот ги презентираа постоечките мултикултуролошки аспекти на наставните програми на факултетите, додека излагачите од бирото за развој на образованието и партнер организацијата Лоја ги споделија нивните мислења за искуствата и резултатите од учеството во спроведување на активностите на ПМИО.
Форумот беше проследен со продуктивна дискусија од страна на учесниците, во која главен фокус беше вклучување на наставничките факултети во процесот на меѓуетничка интеграција во образованието. На форумот присуствуваа повеќе од 50 учесници кои активно ги споделија своите ставови со останатите.