Friday, July 30, 2021

Успешно спроведено елекстонско истражување за меѓуетничка интеграција во образованието во основните и средните училишта во Република Македонија

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието искажува голема благодарност до сите основни и средни училишта за успешно спроведеното електронско истражување за меѓуетничка интеграција во образованието. Очекуваме дека големиот опфат на училиштата во пополнувањето на прашалниците (98,38 %) ќе обезбеди целосно согледување на актуелната состојба на меѓуетничката интеграција во образованието и ќе може да одговори на потребите на училиштата во насока на унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието во Република Македонија.
Резултатите од обработка на прашалниците ќе бидат објавени на нашата веб-страна.