Wednesday, December 8, 2021

УЛОГАТА НА УЧИЛИШНИТЕ ОДБОРИ ВО ПРОМЕНИТЕ ЗА МИО

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието,што се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука,вчера, 27.04.2013 г. во хотелот Континентал во Скопје, се одржа обука на тема „Улогата на УО во промените за меѓуетничката интеграција, на кој учествуваа по двајца претставници на УО од училиштата на пилот-општините Битола, Бутел, Тетово и Струмица.

DSCN8895-1

На обуката се работеше во две групи по следнава агенда:1. Воведување на УО во активностите на ПМИО. 2. Улогата на УО во промените за меѓуетничка интеграција во образованието (I и II дел)3. Рефлексија и евалуација на обуката.

DSCN8893

Нашето училиште го претставувавме јас (како претставник од наставниот кадар на УО и Билјана Петрова, претставник од родителите.

DSCN8891
Главна цел на обуката беше претставниците на УО да се запознаат со концептот за меѓуетничка интеграција во образованието и да се стекнат со знаења и вештини за примена на приодите и стратегиите за подобрување на состојбите во поглед на меѓуетничката интеграција на ниво на училиште.

DSCN8899
DSCN8900
DSCN8910
DSCN8914
DSCN8928
DSCN8930
DSCN8934
Потоа, ние, претставниците на УО, ќе треба да ги пренесеме стекнатите знаења на своите колешки и колеги за да можат да го дадат својот придонес во креирањето на училишните политики и стратегии за унапредена меѓуетничка интеграција во училишната атмосфера.

DSCN8935
DSCN8936

http://partikov.blogspot.com/2013/04/blog-post_28.html