Wednesday, August 4, 2021

Студијата за почетната состојба продолжува со теренското истражување во основни и средни училишта

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието продолжува со спроведување на истражувањето за согледување на тековната состојба на меѓуетничката интеграција во образованието во основните и средните училишта во Република Македонија. Во периодот од 15 август до 10 септември беше спроведено електронското истражување како прв дел на истражувањето, во кое 98,6% од сите основни и средни училишта електронски ги пополнија прашалниците.

Вториот дел од истражувањето ќе опфаќа теренско истражување кое ќе се спроведе во период од 27.11-10.12 во 15 основни и 6 средни училишта.