Thursday, October 28, 2021

Презентација на наодите од теренското истражување во однос на меѓуетничката интеграција во образовнието

На 26 април 2013 година ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, се одржа презентација на наодите од теренското истражување, каде беа присутни претставници на владините образовни институции, амбасади, меѓународни организации, општините и училиштата кои разговараа за наодите од теренското истражување за меѓуетничка интеграција во образованието.

Теренското истражување во основните и средните училишта во Република Македонија беше спроведено во однос на меѓуетничката интеграција во образовнието со цел да се овозможи соодветно планирање на проектните активности во училиштата, врз основа на утврдените потреби доаѓаат од добиените резултати и да се овозможи следење на промените во училиштата по воведувањето на проектните активности.