Monday, September 27, 2021

Прв состанок на фокус групата, МЦГО тренинг центар, Септември 17, 2012, Скопје

Индикаторите за квалитетот на работата на училиштата кои даваат јасен увид за функционирањето на образовните институции и се користат од страна на училиштата за спроведување самоевалуација и од страна на државатните просветни инспектори за спроведување на интегрална евалуација, ќе бидат надградени за да се вклучат најновите новитетите во образованието . Од таа причина ПМИО во соработка со Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат ќе организира серија на дискусии на фокус групите и работни состаноци со сите засегнати страни во образовнието. Првата фокус група ќе се одржи на 17 септември 2012 во МЦГО тренинг центарот, со цел за подобрување на индикаторите во контекст на вклучување на учениците со посебни потреби.