Friday, July 30, 2021

Подобри услови во училиштата за подобри меѓуетнички односи во Струмица и Банско

Средното училиште “Никола Карев” од Струмица и основното училиште “Маршал Тито” од Банско се двете од 11 училишта во кои Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието спроведува активности за подобрување на условите за децата во тие училишта. Во Никола Карев беа заменети прозорци, а во Маршал Тито пристапната рампа е беше изградена, и се реновираше покривот. Како дел од церемонијата за свечено сечење лента беше прикажана и модна ревија со која училиштето доби прво место во Македонија, а гостите имаа прилика и да ги вкусат и различните домашни јадења подготвени од страна на родители од локалните заедници.
Градоначалникот на Струмица, многу родители, наставници и деца, претставници на општината, УСАИД и тимот за меѓуетничка интеграција во образованието беа присутни на различните активности на децата.
“Овие реновирања се дел од нашата програма за поттикнување на училиштата да бидат ангажирани во меѓуетничките активности”, рече г-ѓа Џенифер Коноли, од канцеларијата на УСАИД за демократски развој. “Двете училишта кои што ги посетивме денес покажаа голема желба во врска со реализирање на активности кои ја промовираат различноста и толеранцијата.”
Процесот на реновирање е финансиски поддржан од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и Европската команда на САД (ЕУКОМ). Реновирањата се само еден дел од активностите кои училиштата ќе ги  преземаат со цел да се создаде и одржи меѓуетничка интеграција во образованието.