Wednesday, August 4, 2021

Обука за меѓуетничка интеграција во образованието за TУИ (тимови за училишна интеграција)

Од 25 јуни до 5 Јули 2013 година се одвиваат активности од втората фаза на градење на капацитетите на училишната управува и наставниците во кои се вклучени училишта кои не биле дел од првата фаза. Средно училиште Јосип Броз Тито и основното училиште Димитар Миладинов, заедно со тимот за меѓуетничка интеграција во образованието се домаќини на обуките за меѓуетничка интеграција во образованието за тимовите за училишна интеграција. На обуката ќе присуствуваат членови на ТУИ од 97 училишта.
Учесниците се запознаваат со наодите од истражувањето на интеракцијата меѓу учениците од различни наставни јазици, соработката меѓу наставниците од различни наставни јазици како

фактор за подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието, Заедничките активности на учениците од различни наставни јазици (секции, спортски активности, приредби, екскурзии), Воведување мултикултурна иконографија на ѕидовите во училиштето.
Учесниците и понатаму ќе ги споделат стекнатите знаења и вештини со останатите колеги во нивните училишта.