Friday, July 30, 2021

Напредна обука за училишни обучувачи за меѓуетничка интеграција во образованието

Во рамки на компонентата градење капацитети на училишно раководство и наставниците од 26 до 29 март во Скопје и Тетово се одржаа напредни обуки за училишни обучувачи за меѓуетничка интеграција во образованието. На обуката присуствуваа членови на тимови за училишна интеграција од 22 училишта со два или три наставни јазици. Вкупниот број на наставници кои ја завршија обуката е 147.

Учесниците се запознаа со новите пристапи на работа, со цел да се подобрат условите и да се интегрираат промените на училишно ниво преку спроведување на заеднички активности (секции, спортски настани, итн) и мултикултурни работилници. Предвидено е училишните обучувачида ги пренесат новите знаења на колегите во своите училишта.

Обуката се состоеше од практични примери на заеднички ученички активности, мултикултурни работилници, секции, спортски активности, настани, патувања, соработка со родителите, иконографија, соопоштенија на огласна табла, демократска партиципација на учениците, образование за животни вештини и создавање на акциони планови во нивните училишта. Обуката беше многу корисна за учесниците и знаењето кое го добија ќе им користи како алатка во иднина на голем број наставници.