Friday, December 3, 2021

Мултиетничка интеграција во образованието во С. Кирил и Методиј

ОУ С. Кирил и Методиј во Битола денека беше домаќин на учениците и професорите од ОУ Живко Брајковски од Скопје, каде се изведува настава на македонски и албански јазик. Се изведоа повеќе активности, во насока на зближувањето на различните етникуми во земјава.

Дел од учениците и наставниците при ОУ Живко Брајковски од скопската населба Бутел, денека беа гости на ОУ Св. Кирил и Методиј во Битола, во рамките на проектот Мултиетничка интеграција цо образованието. Во училиштето е двојазично со паралелки на македонски и албански јазик, изјави Весна Дамчевска-Илиевска директор на ОУ Живко Брајковски Скопје.

Овие активности се заеднички на училиштата и се изведуваат во текот на целата година. Денешните активности се завршница на годинешните проекти, истакна Лили Бошевска – директор на ОУ Св. Кирил и Методиј.

Покрај активностите кои се реализираа во училиштето во повеќе области, се спроведе и крајна заедничка активност во која учествуваа сите ученици под наслов Игри без граници, во која учениците ловејќи богатства низ игра во нашиот град, ги откриваа интересните локации, знаменитости, како и историски и верски објекти.


http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/392-multietnicka-integracija-vo-obrazovanieto