Monday, September 27, 2021

Како да се користат социјалните медиуми за поголема покриеност на училишните активности?

Имајќи ја предвид важноста на медиумската покриеност како алатка за споделување на вести за имплементирани проектни активности со пошироката јавност, беше организирана целодневна обука за комуникација со јавноста за претставници на Тимовите за училишна интеграција (СИТ) од сите модел училишта. На обуката за комуникација со јавноста, организирана од страна на тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во соработка со Македонскиот институт за медиуми, која се одржа на 17 декември во Скопје, присуствуваа 14 претставници на СИТ-ови.

IMG_5452Обучувачите презентираа различни начини за промоција на проектните активности. Акцентот беше ставен на социјалните медиуми како медиумска стратегија. Најпрво, беа презентирани актуелните веб страници и Facebook страниците на модел училиштата од страна на нивните администратори и истите беа разгледани заедно со обучувачите и учесниците на обуката. Потоа, се дискутираше за адекватноста и потенцијалот на социјалните медиуми во поглед на иницијативите на заедницата. Тие исто така дискутираат и за методите на следење и уредување на споделените содржини.

Откако беа информирани за основите на информативното пишување, на учесниците им беше зададено да изработат концепти за комуникација преку дефинирање на канали и целни групи при пренесувањето на информации. Преку користење на мултимедијални приказни како примери кои беа креирани во текот на обуката, следеше практична настава за пишување на добро структурирана приказна. Исто така, обучувачите споделија интересни совети за тоа како да се постигне поголем публицитет.

12342458_10153341125126139_5979182809503902469_nНаставниците земаа активно учество во обуката за да научат совети и трикови за промовирање на нивните активности кои ги имаат во изобилство. Со нетрпение очекуваме да ги прочитаме нивните приказни за нивната успешна работа во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието.