Sunday, October 17, 2021

Игри без јазични граници

Како да играме игра, во која треба да комуницираме без да се гледаме, а сите зборуваме различни јазици? Тоа може да ни го откријат учениците од ОУ „Петар Здравковски Пенко“, кои учествуваа на настанот „Игри без граници“, организиран преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Во омилената игра „Воденица“, во која учениците подаваа чаши со вода без да се гледаат меѓу себе , тие им помагаа на нивните другарчиња кои не го разбираа јазикот на останатите.

„Што вика? Што вика?“ прашуваа едните. „Ти кажува понапред да ја подадеш чашата“, им помагаа нивните другари кои го зборуваат и другиот јазик.

Без разлика дали е босански, албански, македонски или турски, беше очигледно дека јазикот не претставува никаква пречка за овие деца. Мокри од водата и среќни поради забавниот ден исполнет со игри, тие ги прашуваа своите наставници кога повторно ќе имаат ваква активност. Како што ни кажаа и самите- не е важно кој победил, важно е тоа што сите заедно се дружеа и забавуваа:

На крајот на денот, ѝ се придруживме на групата наставници кои го организираа настанот. Ги најдовме седнати во училишната кафетерија, каде што заеднички го прославуваа својот успех. Ни раскажаа за подготовките, и ги пофалија учениците кои биле многу активни во реализација на настанот, предложувајќи игри, и соработувајќи интензивно со своите ментори во планирањето на активноста. Наставниците го споделија со нас нивното искуство од спроведувањето на активностите за меѓуетничка интеграција: