Tuesday, October 26, 2021

Еелектронско истражување за меѓуетничка интеграција во образованието во основните и средните училишта

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, спроведува електронско истражување во СИТЕ основни и средни училишта во Република Македонија. Целта на истражувањето е да се согледа тековната состојба на училиштата во врска со меѓуетничката интеграција во образованието.

Прашалникот за пополнување е достапен на страната http://prasalnik.pmio.mk и тоа на четирите наставни јазици на кои се изведува наставата во земјата (македонски, албански, турски и српски).

На оваа страна се дадени основни информации за истражувањето и можност за пристап до „Корисничкото упатство“, кое ги содржи насоките за пополнување на прашалникот, како и до „Прашалникот“, со што се овозможува најава за отпочнување на негово пополнување.

Прашалникот ќе биде достапен за пополнување во периодот од 15 до 31 август, 2012 година.


prasalnik.pmio.mk