Wednesday, August 4, 2021

Повик за аплицирање во пилот фазата во рамките на компонентата Обезбедување стимул за училиштата и за локалните заедници, 03 – 17 мај 2012

Задоволство ни е да Ве известиме за започнувањето на активностите во рамките на компонентата Обезбедување стимул за училишта и за локалните заедници и почетокот на аплицирањето за избор на училишта кои ќе бидат вклучени во работата на компонентата. Во текот на 2012 година, како и секоја следна година, ќе бидат избирани по 10 училишта во кои ќе се имплементираат активности од оваа компонента. За учество во првата (пилот) година од имплементацијата на Проектот во компонента Обезбедување стимул за училишта и за локалните заедници може да аплицираат сите основни и средни училишта од 4-те пилот општини (Битола, Бутел, Струмица и Тетово) и училиштата од сите други општини кои се граничат со нив. Листата на училишта кои може да аплицираат во првата фаза може да се најде тука.

Изборот на училиштата ќе се прави врз основа на дефинирани критериуми и интересот кој ќе го покажат училиштата за вклучување во активностите на останатите компоненти на Проектот. Во секое од избраните училишта ќе се формираат Училишни тимови за реконструкција кои ќе бидат наши партнери во текот на работата и чии капацитети ќе бидат зајакнувани преку специјално дизајнирани обуки. Тимовите за реконструкција ќе бидат активно вклучени и во планирањето, организирањето и реализацијата на реновирањето, при што ќе треба да обезбедат поддршка во работна рака, финансиски средства или опрема, која ќе биде нивен придонес во процесот на реновирање. Предвидениот буџет за реновирање на едно училиште од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, не треба да надмине 1.200.000 денари, додека учеството на општините/училиштата треба да биде минимум 10% од вкупната вредност на реновирањето.

Поднесувањето на апликацијата ќе започне на 3-ти мај и ќе трае до 17-ти мај, 2012 година, до 17 часот. Сите материјали за аплицирање како и упатството за нивно подготвување можете да ги најдете на нашата веб страна www.pmio.mk. Пополнетите апликации и сите пропратни писма на англиски јазик да се испратат по пошта до Ул. Козле 1-б, Скопје и по е-пошта до lstarova@mcgo.org.mk.

1. Aplikacija za izbor na ucilista

2. Upatstvo za popolnuvaje na aplikacija za izbor na ucilista

3. Pismo za podrska – opstina

4. Pismo za podrska – uciliste

5. Pismo za podrska – ucilisen odbor

6. Pismo za podrska – roditeli

7. Pismo za podrska – lokalna zaednica