Wednesday, July 28, 2021

Избрани училишта во рамките на третата компонента: модел училишта

Посебен одбор за селекција, составен за потребите на избор на модел училишта, составен од претставници од различни институции како: Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, Центар за стручно образование и обука,  ОБСЕ, УНИЦЕФ, Македонски центар за граѓанско образование и Центар за човекови права и разрешување конфликти, после детално разгледување и независно вреднување на 72 пристигнати апликации од основни и средни училишта, притоа поаѓајќи од повеќе поставени критериуми како различни општини, вид на училиште, број на ученици, застапени јазици на настава, мотивираност за работа, расположливи потенцијали на училиштата итн., донесе одлука за вклучување на следниве училишта во проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието:

 

ИЗБРАНИ МОДЕЛ УЧИЛИШТА

Име на училиштето Општина
ОУ „Братство Единство“ Охрид
ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево
СГГУ „Здравко Цветковски“ Карпош, Скопје
СЕОУ „Гостивар“ Гостивар

 

Во однос на еднојазичните училишта што конкурирале за модел училишта во партнерски однос, поради малиот број на пристигнати апликации одборот не можеше да донесе одлука со консензус и поради тоа се одлучи да се повтори конкурсот, но после одреден временски период, за време на кој ќе се добијат искуства од работењето во веќе избраните училишта. Дополнителниот конкурс ќе биде објавен со претходна навремена најава.