Wednesday, August 23, 2017
Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Заврши Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието

Преку 1000 наставници, ученици, родители, претставници од образовните институции, граѓански организации, УСАИД и ЕУКОМ ги ...

Повеќе

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти

Одржана конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти

По организираните обуки за одржување на училиштата наменети за членовите на тимовите за реновирање на ...

Повеќе

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

Улогата и поддршката на медиумите во унапредувањето на меѓуетничката кохезија и интеграција во училиштата

При крајот на јануари, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Улогата и поддршката ...

Повеќе

Одржана обука за креативни корнери

Одржана обука за креативни корнери

При крајот на јануари во Скопје се одржа тридневна обука за креативни корнери на која ...

Повеќе

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Модел училишта – Каде бевме и што се промени во меѓувреме

Во текот на неделата, во четири модел училишта: ОУ „Браќа Миладиновци“ и ОУ „Бајрам Шабани“ ...

Повеќе

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

Подобра училишна средина за основците во Крушево и Могила

При крајот на декември се одржаа два свечени настани на сечење лента во основните училишта ...

Повеќе

Видео Материјали

40 спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите


Едукативни анимирани видеа


Сите сме едно


ПМИО Завршен настан


Патувањето на ПМИО


Дебатна конференција: Интегрирани разговори


Kонференција за споделување на добри практики за одржување на  училишните објекти


Промо видео – Дебатна конференција “Интегрирани разговори”


Постигнувања на ПМИО 2011-2016


ПМИО Дебатна академија


Родителска вклученост во активности за меѓуетничка интеграција во образованието во Струга


Промоција на Прирачникoт 40 спортски активности и забавни игри за интеграција на децата и младите”


ПМИО летен камп – Охрид


ПМИО достигнувања


ПМИО летен камп 2016 – full video


ПМИО летен камп 2016


Фестивал на иновативни практики за меѓуетничка интеграција во образованието


Биди ми пријател


Јавна дебата во Карпош

Дебатна обука и јавна дебата


Упатство со Прирачник за одржување на училишни објекти


Јавна дебата во Неготино на тема „Младински иницијативи, пример за соработка, интеграција и доверба“


Обновен кров за спокојни училишни денови во ОУ „Наим Фрашери“

„Во едниот дел од училиштето имавме тешкотии и проблеми особено во зимно време, поради тоа што тој дел беше со азбест табли“ изјави Лутфула Мемеди, директор на ОУ „Наим Фрашери“. Денес овој проблем е веќе минато, откако во текот на летниот распуст кровот беше комплетно реконструиран, во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието , а со финансиска поддршка од Владата на САД, преку Европската команда на американската војска.

Погледнете го видеото од настанот за сечење лента со што се одбележа пуштањето во употреба на реновираниот кров.


Documentary for IIEP Demonstration Schools


Биди дел од Фестивалот “Be Creative – Be Interactive – Be Interethnic” на 19 Септември!

Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики “Be Creative – Be Interactive – Be Interethnic” ќе се одржи на 19 септември, 2015 во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, со почеток во 11:00 часот наутро.

Фестивалот “Be Creative – Be Interactive – Be Interethnic” е резултат од реализираните креативните работилници од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Овие креативни процеси, низ кои поминуваа средношколци од Р. Македонија, во изминатите четири години, имаат за цел да го зајакнат учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ги зголемат граѓанската свест и почитувањето на човековите права меѓу младите луѓе во Македонија преку креативне пристап и израз (користење на уметноста,социјалните медиуми и новите технологии (Театар, филм, тѕанц, визуелна уметност, фотографија, Интернет, Фејсбук, Твитер, MySpace, блогови итн.).

Овој фестивал има за цел да биде практичен и добар пример на оние кои сакаат на креативен начин да работат со младата генерација. Рамката на работа која се употребуваше во креативните процеси во овој проект, може да функционира како насока за слични иницијативи и во иднина.

Фестивалот е наменет на оние кои веруваат во креативноста и во користењето на уметноста, како потенцијал кој може да го придвижува општеството во некакви позитивни насоки. Направен е и за оние кои веруваат во потенцијалот на младата генерација и кои веруваат дека со насочување на креативниот потенцијал кој го поседуваат младите, низ добро обмислени и дефинирани методологии, може да се прават промени.

На крајот би сакале да се заблагодараме на тимот кој учествуваше во реализацијата на овој проект и посебна благодарност до сите средношколци што беа дел од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.


Секоја среда во 19:00 часот, следете ја емисијата „Мулти-виа-радио“!

„Мулти-виа-радио“ е емисија во кoja заедно со нејзиниот домаќин Бујар Саити низ разговор и музика ќе научиме повеќе за младите, за различните, сличните и ќе го прошириме нашиот хоризонт на можности. Инспирацијата за емисијата доаѓа токму од тоа дека секој од нас потекнува од негде и од некој, но секој од нас е посебна единка која се развива зависно од околностите кои го опкружуваат.

Овде ќе се дискутира за сите предизвици на младиот човек а ќе слушнете и за прекрасениот микс на различни култури кои не опкружуваат во секојдневието.

Мулти виа радио е активност на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во партнерска соработка со Младински образовен форум.

Оваа емисија се емитува со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Емисијата е резултат на тимската работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Младински образовен форум. Содржината на емисијата им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.


Атмосфера за паметење на доделувањето на наградите од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“

Ученици и наставници, претставници на над 30 училишта од повеќе градови од земјава ја исполнија салата на Кинотеката на Македонија во Скопје, на свеченото доделување на наградите од конкурсот „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“, кое се одржа на 7 мај 2015 година. Многу насмеани лица, весела атмосфера, но и неизвесност и исчекување: сите се прашуваа – кои училишта ќе ги добијат вредните награди на овој конкурс кој го спроведуваа Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со Македонскиот институт за медиуми?

Атмосферата беше дополнително „заегреана“ преку одличното водителствување на шоуменот и полиглот Бујар Саити, кој ја вклучи публиката во игри, преку кои сите во салата симболично покажаа дека кога се работи заедно, кога ќе се склопат сите коцкички на еден мозаик или сите тонови и инструменти на една симфонија, може да се постигне многу повеќе.

По обраќањето на Џевахире Пруси – Зајази во име на ПМИО и претставникот на жирито Јане Стефанов – следуваше моментот кој сите го очекуваа со нетрпение – доделувањето на наградите, пофалниците и признанијата.

Првата награда, камера Го-Про 4 и лап топ, овој пат ја понесе Гимназијата „Јане Сандански“ од Битола за видеото „Пронајди ја разликата“, едноставна приказна со моќна порака за еднаквоста на сите ученици. Втората награда, камера Го-Про 4 отиде во рацете на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје, за видеото „Како го градиме соживотот во училиштата“, приказна за ученици од различна националност кои по првичните несогласувања наоѓаат заеднички јазик во нивната љубов кон актерството. Добитник на третата награда е Гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Скопје за нивното видео „The School“, во кое преку актерска игра на учениците е прикажан патот за победа над предрасудите и насилството кон различните во училиштето.

Освен тоа, беа доделени и неколку пофалници – на Средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Средното училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје, Средното општинско училиште “Ѓошо Викентиев” Кочани, и Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ Штип, кои се истакнаа на конкурсот со демонстрирана креативност и квалитетна изработка на видео приказните , и особен ангажман во промовирање на училишните активности за меѓуетничка интеграција. Освен тоа, признанија за демонстрираниот ангажман им беа доделени на 26 средни училишта од цела Македонија, а специјална пофалница, вон конкуренција, му беше доделена на Средното училиште „Арсени Јовков“ од Скопје за извонредниот анимиран филм „Приказна за змејот“.

Погледнете го ова видео за да видите како изгледаше целата атмосфера од овој прекрасен настан, во кој уживаа сите:


Со музика до интеграција

Весела музика на влезот, раздвижени наставници и возбудени ученици во ОУ„Страшо Пинџур“ од Кавадарци. Причина? Училиштето ги очекуваше гостите од нивото партнерско училиште ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар.
Домаќините ги пречекаа гостите како свои стари пријатели. Всушност, ова беше втора средба меѓу овие училишта, па наставниците веќе добро се познаваа меѓу себе. Веднаш по пристигнувањето, секој наставник, заедно со колегата од другото училиште, почна да работи на реализацијата на својата активност. Во училиштето се играше фудбал, се реализираа ликовни работилници, се учеше како се свири на народни инструменти со помош на учениците и наставниците од музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“, и се пееја песни- на македонски и турски јазик.

Како што ни кажаa Чако Алпај, наставник по музичко образование од „Мустафа Кемал Ататурк“, и Горан Јанев, наставник од музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“, сите беа изненадени од тоа како учениците го совладаа новиот јазик во песната:

Како звучеа тие можете самите да погледнете во видеото во прилог.


Пријателствата од Чеплес

Нема зборови кои ќе го доловат впечатокот на учесниците на тридневната активност на ПМИО која се одржa во Планинарскиот дом Чеплес и на која учествуваа 32 ученика – 16 од ОУ „Лирија“, с. Горно Јаболчиште со албански наставен јазик и 16 ученика од ООУ „Тодор Јанев“, Чашка со македонски наставен јазик. Искрено, на почетокот пристигнавме со доза на резервираност бидејќи не бевме сигурни дали сè ќе биде како што треба. Во нашата општина има добар соживот, но сепак тоа се деца, и тоа повлекува голема одговорност.

На почетокот децата добија исти маички – сите! И веќе не се разликуваа меѓу себе кој од каде е и што е. Денот започна со мразокршачи – активности за кои не се потребни многу зборови но во кои беше неопходна меѓусебна помош- тие си подаваа рака, се поткренуваа, си подаваа топка и сл. Секоја активност ја објаснувавме на двата јазика, но верувајте, децата почнаа, ми се чини, да се разбираат со поглед.

Деновите беа целосно исполнети со активности. Покрај преполната агенда на активности, требаше и ние, наставниците да смислиме дополнителни активности. Првиот ден помина претежно во спортски игри – фудбал, одбојка и ора, а за цело време се слушаше музика и весели гласови на ливадата пред домот. Вториот ден, сите заедно заминавме на планинарење со професионален планинар кое траеше некаде околу 4 часа. Низ разлистаната шума се слушаа песните „Македонско девојче“ и „Roka mandolinen“ , пеени од сите 32 ученика заедно. Уште првиот ден децата самоиницијативно си ги научија овие две песни и заеднички одлучивме истите да ни бидат химни.

Попладнето го започнавме со изработка на заеднички цртежи на слободна тема. Во мешани групи, учениците цртаа и пишуваа поезија. Додека го пишувам ова имам насмевка на моето лице кога ќе се сетам колку убаво изгледаа. Тие „се караа“, но кавгите им беа каква боја да биде некој цвет, дали да бојат со јагленчиња или само со молив, со фломастери ли или со дрвени боички.

Следниот ден цртаа цртежи на тема „Другарство“, инспирирани од тие три дена. И додека ги цртаа цртежите, децата беа на куп со сите материјали ставени на едно место и соработуваа како цел живот да се познаваат, како до секој да седи неговиот најдобар другар. Група ученици кои пројавија интерес изработуваа хербариум од собраните билки.

Во вечерните часови организиравме забави со секаква музика- ми се чини на сите јазици што постојат. Се играа ора, се пееше… Пееја учениците, а запеаја и наставниците и родителите. Не можам да опишам колку среќни и задоволни лица гледав околу себе. Заедно го проследивме и фудбалскиот натпревар од Лигата на шампиони. Тука децата беа поделени, но не на тоа дали некое е Албанче, Македонче, Турче! Беа поделени според тоа дали навиваат за Барселона или Баерн Минхен

Учениците беа неуморни. Третата вечер не имитираа нас, наставниците, инспирирани од случките од тридневниот престој. Планината Јакупица се тресеше од детската и наша смеа на имитациите. Тој последен ден ние наставниците веќе не требаше да ги делиме во мешани групи. Тие самите се организираа меѓу себе, а групите им беа- секој со секого. Веќе не се знаеше кое дете од кое училиште доаѓа.

Добриот глас на далеку се слуша, па така Градоначалникот на Чашка – Горанчо Пановски не почести ручек во Рибникот Нежилово за успешната реализација и за искрената дружба. Децата се разделија во с. Теово. Се симнавме од минибусите, се поздравивме и изигравме едно заедничко оро. Солзи засветкаа во очите на учениците кои побараа да им ветиме дека следната година повторно ќе организираме ваков престој. Тие се изгушкаа и си ветија дека ќе останат во контакт. Солзи се појавија и во нашите очи, на наставниците. Нашите солзи беа од среќа дека децата ги надминаа сите бариери, предрасуди и стереотипи кои ги имаат возрасните. Многу можеме да научиме од овие чисти детски души.

Одамна не сме се почуствувале толку задоволни, исполнети и среќни од некоја работна обврска. Иако има многу случувања што ни ја поматуваат среќата деновиве, ние се смееме при секое сеќавање за тоа колку среќа им донесовме на овие ученици со поддршка од вас – Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. А учениците? Тие продолжуваат со комуникација на нивната група на Facebook. А јас непрестајно се смеам читајќи ги нивните весели разговори и евоцирањето на спомени.

Верица Тодоровска

ОУ „Лирија“, с. Јаболчиште, Чашка


Објавен видео документарец за креативните процеси за меѓуетничка интеграција во училиштата

На 28 април 2015 година, на Факултетот за драмски уметности во Скопје се промовираше видео – документарец, кој ја раскажува приказната за креативноста и уметничките производи на 600 средношколци од повеќе градови од земјава.

Креативните процеси се спроведоа во 15 средни училишта, со помош на ПМИО и партнерската организација ЦИУ „Мултимедиа“. Во секое од училиштата, 25 до 30 ученици од различни наставни јазици се среќаваа еднаш неделно во период од шест месеци. Со помош на обучувачи – актери, учениците заеднички работеа кон создавање на финален уметнички продукт, кој потоа го претставуваа пред нивните соученици и заедници.

Креативноста и уметноста, и многуте претстави и перформанси кои произлегоа од заедничката работа на вкупно 600 ученици од овие средни училишта се крунисаа со видео – материјал, кој ќе користи како пример за идните генерации – за што сѐ може да се постигне, кога се работи заедно. Видео – документарецот можете да го погледнете подолу.


Заедно со младите бутелчани и нагоричанци – ден преполн со дружба, забава и нови стекнати знаења

Прекрасен пролетен и сончев априлски ден, идеален за заедничка работа, споделување нови знаења за различните култури, и секако – за многу дружење и насмевки. Учениците и наставниците од ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ од кумановското Младо Нагоричане дојдоа на гости кај нивните партнери од ОУ „Панајот Гиновски“ од скопски Бутел.


Како училиштето да стане важна вест во медиумите?

Преку 15 работилници во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, 440 членови на тимовите за училишта интеграција од училиштата низ цела земја, ги развиваа познавањата и вештините за јавни презентации, пристап кон целните групи и јавна комуникација. Како поактивно во јавноста, како училиштето да стане важна вест во медиумите? Еве ја атмосферата и нивните мислења од работилницата во Виница:


ПМИО Национален дебатен турнир за почетници


Учениците дебатираат „Формалното образование (не) треба да биде главен носител на меѓуетничката интеграција“


Игра, смеа и Гангам стајл за уште една успешна приказна за заедништвото на младите


Уште едно ново партнерство кое ветува долгорочна соработка и трајни пријателства

Основните училиштата „Гоце Делчев“ од Илинден и „Братство Единство“ од Коњари неодамна го склучија своето партнерство и веднаш започнаа со конкретни активности. Партнерството беше проследено со свечена приредба што ја организираа учениците од „Гоце Делчев“, кои имаа уште еден повод за прослава. Ова училиште стана едно од 35-те енергетско ефикасни образовни објекти во земјава, откако во изминатиот период беа реновирани прозорите и вратите, како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.


Презентација на МИО активности на модел училиштата „Гостивар“ од Гостивар и „Здравко Цветковски“ од Скопје


Промотивен настан на кратки видеа во средното училиште Арсени Јовков на 26 февруари 2013

Не ме сфаќајте погрешно

Приказна за змејот

Добри и лоши


Партнерски активности на основните училишта Реџеп Вока од Шипковица и Коста Рацин од Брвеница


Пријателства преку креативни работилници


Партнерски активности на основните училишта Лиман Каба од Љуботен и Маршал Тито од Струмица