Friday, December 3, 2021

Со музика до интеграција

Весела музика на влезот, раздвижени наставници и возбудени ученици во ОУ„Страшо Пинџур“ од Кавадарци. Причина? Училиштето ги очекуваше гостите од нивото партнерско училиште ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар.
Домаќините ги пречекаа гостите како свои стари пријатели. Всушност, ова беше втора средба меѓу овие училишта, па наставниците веќе добро се познаваа меѓу себе. Веднаш по пристигнувањето, секој наставник, заедно со колегата од другото училиште, почна да работи на реализацијата на својата активност. Во училиштето се играше фудбал, се реализираа ликовни работилници, се учеше како се свири на народни инструменти со помош на учениците и наставниците од музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“, и се пееја песни- на македонски и турски јазик.

Како што ни кажаa Чако Алпај, наставник по музичко образование од „Мустафа Кемал Ататурк“, и Горан Јанев, наставник од музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“, сите беа изненадени од тоа како учениците го совладаа новиот јазик во песната:

Како звучеа тие можете самите да погледнете во видеото во прилог.