Sunday, June 20, 2021

Објавен видео документарец за креативните процеси за меѓуетничка интеграција во училиштата

На 28 април 2015 година, на Факултетот за драмски уметности во Скопје се промовираше видео – документарец, кој ја раскажува приказната за креативноста и уметничките производи на 600 средношколци од повеќе градови од земјава.

Креативните процеси се спроведоа во 15 средни училишта, со помош на ПМИО и партнерската организација ЦИУ „Мултимедиа“. Во секое од училиштата, 25 до 30 ученици од различни наставни јазици се среќаваа еднаш неделно во период од шест месеци. Со помош на обучувачи – актери, учениците заеднички работеа кон создавање на финален уметнички продукт, кој потоа го претставуваа пред нивните соученици и заедници.

Креативноста и уметноста, и многуте претстави и перформанси кои произлегоа од заедничката работа на вкупно 600 ученици од овие средни училишта се крунисаа со видео – материјал, кој ќе користи како пример за идните генерации – за што сѐ може да се постигне, кога се работи заедно. Видео – документарецот можете да го погледнете подолу.