Saturday, September 18, 2021

Заедно со младите бутелчани и нагоричанци – ден преполн со дружба, забава и нови стекнати знаења

Прекрасен пролетен и сончев априлски ден, идеален за заедничка работа, споделување нови знаења за различните култури, и секако – за многу дружење и насмевки.  Учениците и наставниците од ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“  од кумановското Младо Нагоричане дојдоа на гости кај нивните партнери од ОУ „Панајот Гиновски“ од скопски Бутел.