Saturday, December 3, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Работни состаноци со претставници од основни и средни училишта од пилот општините Битола, Тетово, Струмица и Бутел

Во партнерство со Општинските советници за образование и главните образовни институции, беа организирани четири навистина корисни состаноци со претставници од основните и средните училишта (директори и раководства на училиштата) од пилот општините Струмица, Тетово, Битола и Бутел, во периодот меѓу 17 и 24 август 2012 год.

Целта на овие состаноци беше да ги запознаат раководствата на училиштата со концептот на меѓуетничката интеграција во образованието и истовремено да дознаат повеќе за улогата на главните институции во имплементацијата на проектните активности во училиштата.

Состаноците беа организирани од тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието заедно со општините, а Бирото за развој на образованието и Државниот инспекторат за образование кои учествуваат на состаноците, ја истакнаа важноста од примената на меѓуетничката интеграција во образованието. Со цел да се зголеми интеракцијата и да се зближат учениците од различно етничко потекло, тие ќе се запознаат со начините на учество во развојот и градењето на општеството, во духот на мултикултурата и различностите.

Општинските советници за образование ќе бидат активно вклучени во координацијата на активностите меѓу училиштата на општинско ниво, и ќе ги поддржуваат и насочуваат проектните активности во училиштата.

Претставници од Бирото за развој на образованието отворено изјавија за време на нивната презентација дека училиштата ќе добијат целосна поддршка со цел да се унапреди знаењето, да се развијат вештини кај наставниците за примена на пристапи и организирање на активности кои ја унапредуваат меѓуетничката интеграција во образованието; на учесниците да им биде понудено знаење преку различни техники и активности кои придонесуваат кон подобра меѓуетничка интеракција и разбирање; зголемување на соработката меѓу училиштата и родителите, училишните одбори и локалните заедници преку бројни мултиетнички активности со учениците; меѓуетничка соработка за примена на добрите практики од училиштата; и вклучување на активности за меѓуетничка интеграција во годишните програми на училиштата.

Претставниците од Државниот инспекторат за образование нагласија дека интегралното оценување исто така претставува алатка која го проверува и оценува спроведувањето на активностите за меѓуетничка интеграција во образованието, кое треба да биде проследено со препораки за подобрувања, доколку е потребно.  Покрај тоа, преку годишните извештаи кои ќе го опишуваат квалитетот на образовниот процес во основните и средните училишта, исто така ќе се известува и за напредокот на меѓуетничката интеграција во образованието на национално ниво.

Тимот на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието ќе продолжи да ги вклучува во идните активности општините и главните образовни институции со цел да обезбеди одржливост на резултатите и системско вклопување на меѓуетничката интеграција во образованието и соработка во училиштата.