Wednesday, December 7, 2016
Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Почетокот на учебната година со нови прозорци во основното училиште Братство Mиѓени

Првот училиштен ден за учениците од сите етнички групи во основното училиште Братство Mиѓени во Тетово започна со подобрени услови за учење. Имено,  беа поставени 19 нови прозорци благодарение на заедничките напори на училишното раководство, наставниците, родителите и општината, преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Училиштето Братство Mиѓени, кое дури и во тешки времиња ги почитува вредностите на разновидност и создавање мултиетничка средина за учење, покажува голема подготвеност за понатамошно негување на меѓуетничката интеграција во ова училиште. Училишното раководство, наставниците, родителите и општината Тетово се согласија да изготват и да имплементираат активности за спроведување на меѓуетничка интеграција во училиштето, вклучувајќи ги родителите и локалната власт. Со тоа се создаде можност да се прошири и да се промовира меѓуетничката соработка како додатна вредност во нивната заедница.

Тимот за реновирање на училиштето беше успешно основан за да ги помогне таквите активности. Како и секогаш, во меѓусебна соработка, тој изготви повеќе активности, организираше серија средби и работеше напорно за време на летните одмори со цел да се подобрат условите за учење на нивните деца.

Училиштето го означи почетокот на учебната година со нови прозорци. Родителите волонтери во целост му понудија помош на училиштето за време на реновирањето. Претставниците на општината ја поддржаа оваа иницијатива и активно учествуваа во изготвување на активностите, во одржување на редовни состаноци, како и во процесот на реновирање,  вклучувајќи го и уделот во трошоците од средствата обезбедени од буџетот на општината како поддршка на средствата од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Сето ова беше извонредна можност за тимот за реновирање на училиштeто на крајот на август во заедничка работилница со медиумите и новинарите да дискутира и да ги презентира резултатите со цел да се биде добар пример за другите училишта во Македонија кои ќе спроведат активности за меѓуетничка интеграција.

Претседателот на советот на родители г. Хебил Селими истакна дека  родителите се клучните играчи кои ќе му помогнат на училишното раководство во одржување на меѓуетничката интеграција во образованието, а во истовреме ќе се обезбедат и добри услови во училиштето.

Врската помеѓу сите релевантни фактори во општина Тетово останува силна. Тие ќе продолжат да ги имплементираат предвидените активности за меѓуетничка интеграција во образованието со почетокот на оваа учебна година, работејќи со учениците, родителите и сите релевантни национални и локални образовни институции.