Tuesday, December 6, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Отпочнување и селекција на училишта во рамки на Компонентата за обезбедување стимул за училиштата

Во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Компонентата за обезбедување стимул за училишните и локалните заедници отвори повик за аплицирање за училиштата, со кој ги селектираше училиштата за имплементација на активностите на оваа Компонента во првата (пилот) година од Проектот. Активностите од оваа Компонента ќе бидат имплементирани со средства обезбедени од Европската команда на САД. Повикот за апликации се однесуваше на сите основни и средни училишта од четирите пилот општини (Битола, Бутел, Струмица и Тетово), како и училиштата од општините кои се граничат со гореспоменатите општини.

Вкупно 155 основни и средни училишта ги исполнуваа условите за апликација. Проектот прими 100 апликации. Селекцијата на апликациите беше направена од страна на Работна група составена од претставници од Европската команда на САД, Министерството за образование и наука / Одделение за капитални инвестиции, Чекор по чекор и вработени во Проектот.

Селекцијата на училиштата беше направена според претходно утврдени критериуми и според интересот на училиштата за вклучување во активностите на другите компоненти од Проектот. Одличниот квалитет на апликациите, како и огромниот интерес покажан од страна на училиштата, уште повеќе го отежнаа процесот на евалуација на членовите на работната група која на крај требаше да одбере само десет апликации кои ќе бидат вклучени во пилот фазата. Ова се десетте најдобро рангирани училишта:

  1. ОУ „Братство Миѓени’’ – Општина Тетово
  2. ОУ „Тефејуз’’ – Општина Чаир
  3. ОУ „Стив Наумов’’ – Општина Битола
  4. ОУ „Браќа Миладиновци’’ – Општина Демир Хисар
  5. ОУ „Мите Богоевски’’ – Општина Ресен
  6. ОУ „Никола Карев’’ – Општина Струмица
  7. ОУ „Маршал Тито’’ – Општина Струмица, село Муртино
  8. ДСЕУ „8ми Септември’’ – Општина Тетово
  9. ОУ „Лирија’’ – Општина Боговиње
  10. ОУ „Живко Брајковски’’ – Општина Бутел

Во селектираните училишта се формираат Тимови за реновирање на училиштата, кои, всушност, стануваат партнери за соработка во процесот на реновирање и чиишто капацитети ќе бидат зајакнати преку обуки направени според нивните потреби. Тимовите за реновирање на училиштата ќе работат со тимот на Проектот на подобрување на средината за учење и на подобрување на меѓуетничката интеграција во образованието.

Тимовите за реновирање на училиштата активно ќе бидат вклучени во планирањето, организирањето и имплементацијата. Тимовите и техничкиот персонал од училиштата во иднина ќе бидат одговорни за одржување на училишните згради со цел да обезбедат позитивна средина за учење и работа за учениците и наставниците, во која тие ќе можат заедно да учат и работат и да служат како одличен пример за меѓуетничка интеграција и за останатите училишта

Реновирањата во селектираните училишта ќе се одвиваат за време на летниот распуст!