Sunday, December 4, 2016
World AIDS Day!

World AIDS Day!

Started in 1988, World AIDS Day is about increasing awareness, fighting prejudice and improving education. ...

Повеќе

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Како се создаваат успешните училишни приказни?

Ученици, наставници, стручни соработници и директори се поврзаа во спортските, музичките, ликовните и математичките содржини, ...

Повеќе

Стара чаршија – ризница на култури

Стара чаршија – ризница на култури

Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, на 4 и 5 ноември, во хотелот „Молика“ ...

Повеќе

„Партија шах“ во Тетово

„Партија шах“ во Тетово

На почетокот на ноември, средношколците од „Моша Пијаде“ од Тетово го претставија финалниот производ од ...

Повеќе

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

Цветен воз – симболика за меѓуетничка интеграција во општина Бутел

„Богата е есента“, „Училиште цветна градина“, „Оплеменување на училишниот простор“ и „Истражија општината Бутел“, се ...

Повеќе

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

Како успешно да се одржуваат училишните згради?

ПМИО вчера одржа обука за зајакнување на капацитетите на училиштата за одржување на училишните објекти.

Повеќе

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Младите ученички од Тетово го стартуваа натпреварувањето во одбојкарска лига

Ученички од осмо и деветто одделение, од сите основни училишта во Тетово го започнаа натпреварувањето ...

Повеќе

Млади луѓе кои сонуваат ист сон

Натпревари во влечење јаже, фудбал и многу други игри, модерни кореографии и традиционални танци, учење на јазиците на другите, сликање и изработка на уметнички дела – работејќи го ова заедно и запознавајќи се едни со други, наместо учење во различни смени или различни училишта без сомнение е многу подобар пристап за решавање на поделбата меѓу младите, а дефинитивно и позабавен.

Педесет млади луѓе од Жван, Сопотница, Доленци, Вириво, Мренага, се собраа во четиридневниот летен камп, организиран од Peace Corps (Мировен корпус) и поддржан од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, на почетокот на јули, во основното училиште „Браќа Миладиновци“. Ова училиште е едно од десетте избрани училишта во рамките на Проектот на УСАИД, кое покажа голема заинтересираност за спроведување на активности кои промовираат и вклопуваат меѓуетничка интеграција во образованието преку училишни активности кои го поттикнуваат ова. А активностите во летниот камп претставуваат реален доказ за нивната спремност и желба за вакви активности.

За скоро сите учесници, овој мултиетнички собир веројатно е едно од најуникатните позитивни искуства што ги имале досега. Околината и условите за сé да се направи правилно се повеќе од добредојдени. Селото Жван и неговите пријателски настроени жители го прават ова место идеално за организирање на вакви младински собири. Распрскано по должината на патот меѓу Кичево и Битола, по кој нема многу сообраќај, во еден од нај питорескните делови на југозападна Македонија, ова место се наоѓа настрана од поголемите градови, меѓународните сообраќајни коридори или индустриски капацитети, во кое природата се покажува во својата целосна убавина.

Утрината, на 4 јули, откако бeа поздравени од градоначалникот на општината Демир Хисар и директорот на училиштето, учесниците на кампот започнаа со главниот јавен настан во кампот, манифестација организирана по повод Денот на независноста на САД. Џули Тумаж од Мировниот корпус е главниот двигател, личност полна со енергија, која ги мотивираше сите околу неа во текот на манифестацијата. Оваа млада дама е насекаде, таа е пријател со секого, способна секого да го вклучи во претставата.

Сите наоколу се весели и радосни. Мировниот корпус и добороволците од неколку земји, младинци и деца, селани, официјални претставници, новинари – како што се менуваат игрите и забавните сцени, ентузијазмот, смеата и радоста ги обзема сите.  Изгледа како времето да запрело за сите, и за млади и за стари, барем на момент, како сите да живеат во светот на сништата.  Поканувајќи нé да се приклучиме кон игрите, Џули разговара со нас на македонски јазик, со симпатичен американски акцент.

Овде е навистина многу убаво. Секој ден, секој месец се обидуваме да направиме нешто ново. Тоа што го гледате сега, односно тоа што правиме тука е нешто што наликува на традиционален американски летен камп за деца и младинци. Значи секој ден спроведуваме некои од традиционалните активности што се правата во камповите. Како што денес ја организираме прославата по повод Денот на независноста на САД, така организираме и различни танци, игри, паради, спортски активности“, вели Џули, и со брзање замина затоа што ја повикаа пријателите да започне некоја друга игра.

Директорот на училиштето, Менка Најдовска, има многу пофални зборови и благодарност за активизмот на Џули. Таа вели дека Џули, која 8 месеци живее и работи како доброволец во селото Жван, заедно е со децата и ден и ноќ. Џули и децата постојано работат нешто, а оваа манифестација, во која училиштето е домаќин на гости, ученици и доброволци од различни националности од земјата и странство, е плод на заедничката работа и напори насочени кон надминување на поделбите меѓу младите луѓе.

Имаме многу гости, вклучително и 30 доброволци од САД и други земји. Вчера, учениците заедно со уметниците од Норвешка и Унгарија присуствуваа на уметничка работилница каде предавачи беа познатиот сликар Сергеј Андреевски и професор од САД, а децата имаа можност да сликаат слики на тема „Толеранција и мир“. Вчера имавме и работилница со децата, на која имаа можност да разговараат за мирот и елиминирањето на поделбите. Тие исто така учеа и странски јазици – шпански, албански, турски, англиски“, вели Најдовска.

Се качуваме горе, во училишниот хол, за да ја погледнеме изложбата. Влегуваме во просторијата и гледаме млади луѓе кои ги привршуваат нивните уметнички дела. Повеќето слики ја содржат пораката за мир и братство меѓу луѓето. На нив можете да гледате како на едноставно детско уметничко дел, со наивна експресија, или пак како на неспорна и искрена манифестација на душите кои сé уште не се допрени од злото на модерното живеење и дехуманизираната борба за опстанок, дела кои јасно покажуваат (дури и децата го знаат тоа) што е добро за светот и човештвото.

Си заминуваме од кампот со неспорно чувство дека наместо засебни етнички смени или етнички поделени училишта,  токму ова е тоа што им е потребно на македонскиот образовен систем и општество.  За да бидеме сведоци на позитивен развој и надминување на поделбите, особено во образовниот систем, овој вид на настани, односно собирање на ученици од различни училишта и со различно етничко потекло за да изведуваат корисни и забавни работи заедно, имаат централно место во определбите на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, чија цел е да се унапредат мултикултурните и мултиетничките вредности, и да се вметнат во образовниот систем на Македонија за идните генерации.

Уште еднаш се докажа дека овие поделби се вештачки, затоа што потклекнуваат пред искреноста, смеата и забавата, убавините на уметноста и желбата да се ужива во едноставните работи на животот и да се научи повеќе едни за други и за различните култури, без никакви предрасуди или ограничувања.